Разговорите со Трамп се како виршли тврди Маркон – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/18 8:56 AM

Разговорите со Трамп се како виршли тврди Маркон

Емануел Макрон одби да ги коментира информациите на CNN дека „телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и него за американските царини бил ужасен“.

– Никогаш не сум раскажувал што се случува зад кулисите. Затоа што, како што кажал Бизмарк, ако им објасниме на луѓето од што се прават виршлите,  не е сигурно дека ќе продолжат да ги јадат, изјави Макрон на заедничка прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Париз.

Во четвртокот вечер Макрон му се јавил на Трамп за да му каже дека одлуката на американскиот претседател  да и воведе царинi на Европа за челик и алуминиум е незаконска и погрешна и оти ЕУ ќе го возвратат ударот.

Белата куќа и Елисејската палата без да коментираат информираа за разговорот меѓу двајцата претседатели кои јавно покажуваат големо пријателство.

Извор на Си Ен Ен изјави дека разговорот поминал ужасно, затоа што „Макрон мислел дека може искрено да зборува за нивните односи, но Трамп не толерирал да биде критикуван“.

Францускиот претседател категорично одби да ја потврди оваа изјава.

– Луѓето го гледаат принесено јадење, но не сум убеден дека коментарите од кујната придонесуваат за добар апетит или соодветно конзумирање. Некакви луѓе зборувале за телефонскиот разговор, тоа не дошло од моја страна, подвлече Макрон.Тој само призна дека разговорот бил искрен.