Италијанскиот сенат изгласа доверба на владата на Конте – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/18 8:54 AM

Италијанскиот сенат изгласа доверба на владата на Конте

„За“ доверба на владиниот Кабинет гласаа 171 сенатор, 117 беа „против“, а 25 се воздржаа од гласање.

Синоќешното гласање беше прв испит за парламентарната поддршка на популистичката Влада, што во петокот ја формираа антисистемското Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската антимигрантска партија Лига.

Во обраќањњето до сенаторите пред гласањето, Конте рече дека меѓу приоритетите на неговата Влада ќе биде ставање крај на илегалната миграција во Италија и засилување на врските со Русија.

При гласањето, за доверба на Владата се изјаснија членовите на М5С и Лигата, како и неколкумина од сенаторите што ја претставуваат италијанската дијаспора. Сенаторите на левоцентристичкиот блок на Демократската партија (ПД), како и на поранешниот коалициски партнер на Лигата, Форца Италија (ФИ) на Силвио Берлускони гласаа против Владата, а од гласање се воздржаа членовите на екстремно десничарската националистичка партија Браќа на Италија (ФДИ).

За доверба на Владата денеска треба да се изјасни и Долнитот дом ма италијанскито Парламент.