Полициски службеници, запреле возило натоварено со огревни дрва, но додека го обезбедувале, поголема група граѓани со закани и попречување во вршењето на нивната должност , овозможиле дрвата да се растоварат, некои од нив да го стартуваат возилото и да побегнат .
,,Во неделата на 10 мај околу 16.20 часот на ул.„Косовска“ во Штип, додека полициски службеници обезбедувале патничко возило натоварено со огревни дрва, кое претходно било запрено, поголема група на граѓани им упатувале закани, почнале да ги растовараат дрвата од возилото, дел од нив го стартувале возилото и побегнале, а останатите со физичка сила и закани ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените дејствија“, информираат од Полицијата.
Се работи на комплетирање на случајот по што против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.