Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Тајсон е се поблиску до враќање во рингот. Има 53 години и ги воодушевуваше љубителите на боречките вештини со импресивна брзина и сила во ударите на тренинзите. Но, Тајсон се нема да се врати професионално на боксот, туку договорил хуманитарен меч во четири рунди, а тоа го мотивирало да постигне импресионирачка форма. Многумина се сложиле дека во овие години Тајсон би можел да биде конкурентен на најдобрите боксери на денешницата.
Тоа ги мотивирало и многубројните промотори, па претседателот на „Bare Knuckle Fighting Championship“, Дејвид Фелдман му понудил 20.000.000 долари и сам да си го одбере својот противник.
Како можни противници се споменуваат новозеландската рагби ѕвезда Сони Бил Вилијамс како и таткото на британскиот шампион Тајсона Фјурија, Џон Фјури, кој дури изјавил дека е подготвен за загине во рингот. Но, најголем интерес предизвика најавата за средба на старите супарници, 53-годишниот Тајсон и неговиот четири години постар „вечен“ ривал Ивандер Холифилд.
Сите се уште ја паметат нивната борба во 1997 година, кога Тајсон во втората рунда му одгриза дел од увото, па мечот мораше да биде прекинат. Беше тоа втора борба на големите шампиони, седум месеци откако Холифилд со технички нокаут во 11 рунда го превзеде шампионскиот појас на Тајсон.
Тајсон во кариерата оствари 50 победа, од кои 44 со нокаут.
Текст: vesti-online.com
Фото: fightsports.tv/.tuko.co.ke/ftw.usatoday.com