Немам намера да се расправам со полуписмени, Тони Цетниски ќе го тужи радиото што му ги забрани песните – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/20 11:16 AM

Немам намера да се расправам со полуписмени, Тони Цетниски ќе го тужи радиото што му ги забрани песните

Не стивнува кавгата меѓу хрватската ѕвезда Тони Цетински и  музичкиот уредник на радио „Драва„,  Бојан Хорват, а пејачот најави дека се ќе се решава по правен пат.

“Немам веќе намера да се расправам со полуписмени кои  којзнае како  дошле до некоја позиција. Одсега за овој случај ќе разговарам само преку адвокат”, рекол Цетински за „Вечерњи лист“.

Музичарот планира да го тужи Хорват преку својот адвокат  бидејчи најави дека нема веќе да ги пушта неговите песни  на радио „Драва“ од Копривница. Парите што ќе ги добие  од тужбата планира да ги донира за хуманитарни цели.

Се је започна со ставот на Тони против вакцинирање, кој го изрази на својот Фејсбук велејќи дека подобро на Голи Оток отколку да се вакцинира. Пејачот и понатаму не го менува ставот и уште еднаш објаснил за се:

“Не дека имав време да се занимавам со Фејсбук. Досега не ни имав многу пријатели на таа социјална мрежа, а сакав во кругот на своите пријатели да поставам прашања за работи за кои многу луѓе размислуваат. Ме интересираше што ќе се случи ако „под рака“ некаде таму во Европа се потпишат некои  документи во името на сите нас со кои би не обврзале на вакцина или чип.  На крајот се случи  да од 3.000 пријатели на Фејбук добијам 12.000. Се чини дека луѓето едвај чекале некој да го постави тоа прашање„, рекол Тони за „Вечерњи лист“.

Тони додаде и дека музичкиот уредник се приклучил на расправата и почнал да се кара со неговите пријатели на Фејсбук.

“Немам ништо против вакцина ако некој еден ден докаже дека тоа не е штетно за моето дете.  Ако еден ден тоа го докажат, јас ќе се вакцинирам а до тогаш нема шанси”, објаснил Цетински и додал дека многу луѓе му се јавиле за да го поддржат неговиот став