Короната ги раскара Сијуксите со властите во Јужна Дакота  – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/20 9:15 AM

Короната ги раскара Сијуксите со властите во Јужна Дакота 

Сијукс-племињата во американската сојузна држава Јужна Дакота одбиваат да ги отстранат пунктовите за контрола на ширењето на коронавирусот поставени на патиштата што минуваат низ нивната земја, пренесува Би-Би-Си.

Гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, минатата седмица им напишала на поглаварите на неколку племиња наведувајќи дека контролните пунктови се нелегални. Меѓутоа, Сијуксите сметаат дека таквата контрола е единствен начин да се осигураат дека вирусот нема да влезе во нивните резервати. Додаваат и оти, поради ограничените капацитети на здравствените установи, не би можеле да се изборат со епидемијата.

Во моментот во индијанските резервати може да влезат само тие што не патувале во жариштата на Ковид-19 и под услов да имаат важна работа, а и да пополнат прашалник. Гувернерата Ноем им се закани на двете племиња – Оглала Сијукс и Чејени, дека ќе ги изведе пред сојузниот суд ако не ги отстраната пунктовите.

„Ние сме остров на безбедноста во морето на неизвесност и смрт. Вие и понатаму се мешате во нашите напори да го сториме она што науката и фактите го диктираат, сериозно нарушувајќи ја нашата способност да ги заштитиме сите во резерватот“, и’ порача на гуваернерката во одговорот поглавицата на племето Чеени, Харолд Фрејзер.

Меѓу Индијанците во Јужна Дакота до вчера имало 198 заразени, а во таа сојузна држава има вкупно 3.500 потврдени случаи и 35 починати.