Време: Сончево, денеска до +30, за викендот и до +34 степени – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/20 5:50 AM

Време: Сончево, денеска до +30, за викендот и до +34 степени

Сончево и топло, во северните делови со мала до умерена облачност e прогнозата на УХМР за денеска. Ќе дува умерен, а особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура треба да достигне до 30 степени. УВ=8.

И во следните денови продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен јужен ветер. Се очекуваат температури и до 34 степени.