Вчера околу 18 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека пред перална на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, Х.Д.(28) од Прилеп бил физички нападнат од две непознати лица, при што едно од лицата со нож му упатило закани.
За случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.