Во текот на изминатиот викенд според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на СВР Штип, 11 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 6 лица, а на останатите земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатиот период на 7 лица им се издадени решенија за изолација, а 9 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 64 контроли кај лица во изолација и 137 кај лица во самоизолација.