Пентагон: Сите што биле заразени со коронаисрус не можат да се вработат во вооружените сили на САД – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/20 11:40 AM

Пентагон: Сите што биле заразени со коронаисрус не можат да се вработат во вооружените сили на САД

Војската на САД им забранува на сите што имале коронавирус во иднина да се вработуваат во американските воени сили

Тоа е изричито наведено во новиот меморандум на Командата за процесот на влегување во војската, што протече на интернет, по што го пренесе воениот портал „Милитару тајмс“, а и други американски медиуми.

Ако во текот на интервјуто за медицинската историја на поединецот кој сака да и’ пристапи на американската војска или во текот на здравствениот преглед биде потврдено дека имал Ковид-19, ќе биде трајно дисквалификуван, пишувало во меморандумот.

Според новите правила, кај лицето што се пријавува за воена служба првин ќе се проверуваат потенцијалните симптоми на Ковид-19, како повишена температура, но нема да има тестирање. Ако кандидатот не ја помине таа проверка, а нема претходна дијагноза или позитивен наод на Ковид-19, може да се врати за 14 дена и да се обиде повторно.

Пријавата на секое лице што имало дијагноза на корона ќе биде „трајно дисквалификувана“.