Повеќе од 2.100 ноќни клубови, барови и дискотеки се затворени во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, откако се потврдени нови 18 случаи на вирусот корона, а сите освен еден клуб се поврзани со еден 29-годишник. Тој минатата сабота посетил три клуба во областа Итаевон во Сеул а бил тестиран и позитивен на вирусот корона во вторникот. Тој не носел маска во објектите, а според списокот на посетители дури 1.500 луѓе ги посетиле тие три места.
Градските власти апелирале до сите кои ги посетиле клубовите „Кинг“, „Транк“ и „Квин“ помеѓу 29 април и 6 мај да дојдат на тестирање,и предложиле сите ноќни клубови и барови да бидат повторнпо затворени за еден месец.
Откако владата ги олесни мерките воведени поради епидемијата на вирусот корона, многумина побрзаа да се забавуваат минатиот викенд. Сепак, на газдите на објектите им било предложено да мерат температурата на гостите, да водат грижа за списокот на посетители, а работниците да носат маски.
Сепак, 18 нови случаи на вирус беа потврдени во петокот, а неколку часа подоцна, градоначалникот на Сеул, Парк Фон Сон додаде дека во градот се потврдени уште 16 случаи.
Училиштата во Јужна Кореја требаше да се отворат следната недела, но не е сигурно како ќе се одвива сè, со оглед на скокот на над 10 пациенти за еден ден, што не беше случај неколку дена по ред.
Текст: srbijadanas.com