Луѓето се социјални суштества и во нивна природа е да имаат пријатели. Сепак, има такви кои поради некоја причина ги немаат и живеат осамено. Многу луѓе се дистанцираат од другите заради разочарувањата што ги доживеале во текот на животот. На некој начин, тие стравуваат дека повторно ќе бидат повредени ако дозволат некој да им пристапи. Истражувачите од универзитетот Харвард велат дека живеењето без пријатели е исто толку штетно за здравјето како и пушењето.
Луѓето кои се осамени и живеат дистанцирани од другите, стануваат емотивно нездрави, но и физички болни, потврди нивното истражување. Исто така, кај хронично осамени луѓе, имунолошкиот систем се покажа како слаб и многу бавен за да реагира на вируси. Бавно произведува антитела кои ни помагаат да останеме здрави. Научниците од Харвард ја спроведоа оваа студија на жените.
Во спротивно, осаменоста може да предизвика депресија, срцеви заболувања, па дури и предвремена смрт. Некои луѓе знаат да бидат осамени иако се опкружени со голема група луѓе затоа што не се чувствуваат доволно блиски со нив. Ова чувство се интензивира со возраста бидејќи постарите луѓе имаат помалку волја и енергија да запознаваат нови луѓе.
Осаменоста понекогаш е заразна, покажа една студија – луѓето кои се блиски со некој кој се чувствува осамен, имаат 52 проценти поголема веројатност да и тие станат осамени, пренесува The Unbounded Spirit.
Текст: 24sata.hr
Фото: index.hr