Струшката литија ги отвори вратите на џамиите на ИВЗ – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/20 10:40 PM

Струшката литија ги отвори вратите на џамиите на ИВЗ

Скопскиот Муфтија, Кенан Исмаили, на прашање на Нова дали ваквата одлука е поттикната од МПЦ и вчерашниот собир во Струга, тој децидно одговорил дека нема такво нешто, дека нема никаков реваншизам, но потенцира дека на одлуката имале влијание верниците и верските службеници кои биле револтирани од верскиот собир во Струга и од некои случувања за Велигден и барале да се отворат џамиите.

-На оваа одлука влијание имаа многуте јавувања од верниците и верските службеници кои беа револтирани од некои случувања и бараа да се отворат џамиите. Ние почитувавме се како што наложија здравствените власти досега, ги затворивме објектите уште на 17 март, сега барем да ги отвориме во последните 10 дена во месецот на Рамазанските пости. Сите земји ги отворија денес, еве за џума, петочната молитва беа отворени џамиите во Србија и БиХ, но, ние ќе почекаме неколку дена да ги подготвиме верниците“, изјави за Нова, Кенан Исмаили, скопски Муфтија.

Колективната молитва ќе биде внатре, зедничка за верниците, но се подготвуваат протоколи кои ќе бидат според стандардите во западните земји.