Миле Сугарев го наследи Ден Дончев во ФЗОМ – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/20 10:22 PM

Миле Сугарев го наследи Ден Дончев во ФЗОМ

Владата денеска на седница го именуваше Миле Сугарев за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Тој  доаѓа од позицијата директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗОРСМ, наведуваат во соопштението од владината прес-служба.

Сугарев доаѓа на местото на Ден Дончев кој пред неколку дена поднесе оставка од позицијата директор на Фондот поради здравствени и семејни причини.