Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Хосе Бастон прошетале по Беверли Хилс каде разгледувале недвижнини, затоа што планираат да купат нова куќа, пишуваат американските медиуми. За оваа прилика познатата актерка која се прослави по улогата во „Очајни домаќинки“, облекла преубав макси фустан од полупроѕирен материјал.
Шетајќи низ Беверли Хилс, Ева Лонгорија го привлекла вниманието на папарацо фоторепортерите облечена во долг бел летен фустан со густи светли риги. Во фустанот на тенки прерамки, со длабоко деколте и појас под градите изгледа прекрасно на нејзини 45 години. Ваквиот фустан Лонгорија го искомбинирала со жолти сандали.
Низ полупроѕирниот материјал од фустанот се оцртува силуета од секспаилното тело на актерската. Иако станува збор за т.н гол фустан, овој летен модел не изгледа претрано ниту непримерно. Сензуалноста на фустанот даваат потполно отворен грб со тенките прерамки, со што низ таков модел не се носи градник.
Стајлингот за време на разгледување недвижнина, холивудската актерка искористила торба за мобилен телефон , авијатичарски очила за сонце и големи овални обетки.