Те сакам душо- Романтичен дедо најде начин како да си ја види сопругата – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/20 2:02 PM

Те сакам душо- Романтичен дедо најде начин како да си ја види сопругата

Ниту пандемијата ниту какви било мерки не го спречија Ник Автгес од Ватертаун, САД, кој има 88 години, да ја види својата сопруга Мерион , која престојува во старечки дом. Тој го стори тоа на необичен начин иако домот ги забрани посетите од 14 март поради пандемијата на корона вирусот, што Ник го поднесе многу тешко затоа што тој го посетуваше секој ден.

Но, нивниот син Крис најде начин. Тој на Фејсбук објави дека бара некој што има камион со кран и наскоро го пронашол откако еден пријател од средно училиште го контактирал.
Тој доби одобрение од старечки дом и стапи во акција. Ник се искачи на кранот, и го кренаа до третиот кат, до прозорецот на Мерион.

– Ова, мои пријатели, е она што треба да не инспирира. Ова е 61 година љубов, вера, охрабрување и посветеност. Моите родители се пример за нашето семејство и се надевам дека ќе ги инспирираат и другите “, напиша Крис во објавата на својот профил на Фејсбук.

– Не сум ја видел седум дена. Ако требаше да ме кренат 10 спрата, немаше да ми пречи. Едноставно морав да ја видам “, изјави неговиот татко Ник за Бостон глобус. Тие разговараа 20 минути, а пред да го спуштат, Ник на прозорецот стави натпис „Те сакам, душо“, пренесува Радио Сараево.

Извор: Радио Сараево Преземено од: Медиа Плус