Човекот во просек, го допира лицето дури 23 пати во 60 минути – покажа истражувањето на научниците предводено од д-р Мери Луис МекКлуис, професор по епидемиологија на Универзитетот во Нов Јужен Велс. Експертите спроведоа студија во која ги вклучија своите студенти и беа изненадени од информациите со кои се среќаваат. Се испостави дека во текот на еден час, колку што траеше експериментот, го допирле лицето со рацете 23 пати, претежно очите, устата и носот. Психолозите имаат објаснување за тоа, станува збор за потсвеста и на тоа не можеме да имаме многу влијание.
Едноставно, дури и ако знаеме дека допирањето на лицето не е добро, затоа што можеме да „собереме“ вирус или инфекција, тешко е да се контролираме, дури ни се допаѓа.
Дури и додека сме во стомакот на мајката ги ставаме рацете на некој дел од главата, што може да се види на ултразвук – вели Наташа Тивари, психолог.
– Со допирање на лицето, ние всушност се смируваме, бидејќи така се активираат одредени точки што го движат парасимпатичкиот нервен систем. Затоа го правиме тоа уште почесто кога сме под стрес, загрижени или изненадени. Умот потсвесно се обидува да нè смири со тоа што прави активности за кои знае дека ќе нè смират и ќе нè натераат да се чувствуваме позаштитено, вели таа.
Ова, тогаш е и одговорот зошто го правиме за време на корона пандемија, иако знаеме дека допирањето на устата, носот или очите може да нè зарази. Мозокот едноставно нè води кон активност која ќе нè смири психолошки и ќе го запре стресот. Но, сепак, важно е да се обидеме да се воздржиме, затоа што вирусот сè уште демне.
Текст: novosti.rs
Фото:dnevnik.hr