Лајпциг и Ливерпул заинтересирани за косовскиот репрезентативец – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/20 10:07 AM

Лајпциг и Ливерпул заинтересирани за косовскиот репрезентативец

Освојувачот на Лигата на Шампионите и германското изненадување сезонава во истото натпреварување, Лајпциг, сериозно се заинтересирани за ангажирање на косовската ѕвезда Милот Рашица.

Aгим Амеди, претседателот на фудбалската федерација на Косово, зборуваше за наводната заинтересираност на Ливерпул и Лајпциг за брзоногиот напаѓач на Вердер Бремен и можноста уште на лето тој да ја смени средината.

-Има многу заинтересирани страни за него. Знам дека Ливерпул сака да го доведе во Премиер Лигата, но исто така слушам гласини и дека Лајпциг го сака во своите редови. Сигурен сум дека ќе донесе правилна одлука, изјави Амеди за „Syri TV“.

Рашица постигна 23 голови за 64 натпревари за Вердер, откако дојде од Витесе во јануари 2018 година. Македонската публика ќе има можност да го види во полуфиналниот бараж меч за Европското првенство во фудбал, кое ќе се одигра следната година.