Русија ја одложи за подобри времиња, ама во Туркменистан утре ќе се одржи воена парада по повод 75-годишнината од победата на сојузниците врз нацистите во Втората светска војна. Таа земја е една од ретките кои немаат пријавено ниеден случај на заразен со Ковид-19.
На парадата во главниот град Ашгбат, која се одржува првпат ќе бидат поканети и воени ветерани, дипломати, новинару и делегации од странство, изјавиле за АП од Министерството за надворешни работи на Туркменистан.
Туркменистан негира, а можеби и прикрива, заболени од вирусот, иако има долга граница со Иран, кој е меѓу десетте најпогодени земји од пандемијата.
Парада по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот, е најавена и во Белорусија, една од малкуте држави што не забранија движење во време на епидемијата на коронавирусот.


