Причина за градбата на телото во најголема мера се гените, сепак, распоредот на маснотиите исто така многу зборува за нашето здравје отколку што мислиме, покажаа анализите на бројни нутриционистички студии.
Маснотии на стомакот
Причина за собирање на маснотиите на стомакот најчесто е стресот, покажа студија на Универзитетот Јејл. Тие открија дека друга најчеста причина е нерамнотежа на цревните бактерии.
Решение: Добра вест е дека не треба пренапорно да вежбате, бидејќи интензивните вежби ќе го зголемат производството на кортизол. Смирените вежби, како што е пешачењето, јогата и пилатесот ќе ги нападне маснотиите на стомакот и ќе го намали стресот. Белиот леб, тестенините, цитрусното овошје и алкохолот го дуваат стомакот и ги хранат цревните бактерии, затоа јадете ги во што помалку количини. Протеините, како што е рибата, зелениот зеленчук и зеленчукот полн со влакна како компир, маслинки, цвекло го забавуваат апсорбирањето на шеќерот низ цревата и го стимулираат варењето.
Листовите на нозете
Отечените и тешки листови на нозете- најчеста последица е недоволен одмор на нозете, будење среде ноќ и недоволно количество длабок сон.
Решение: За да имате длабок сон и квалитетно да се наспиете, три часа пред одење во кревет избегнувајте се што содржи јагле хидрати и шеќер. Кофеинот од чајот и кафето ќе предизвика задржување на водата во листовите, но и ќе ви го поремети сонот. Пиењето големи количества вода пред спиење не е добра идеја, а насобраната вода ќе бара премногу сол во исхраната. Недостатокот на витамин Б во исхраната исто така може да предизвика собирање на вода во листовите, па затоа обидете се да јадете што повеќе риба, говедско месо, јогурт и јајца.
Маснотии на грбот
Маснотиите кои се собираат на грбот најчести се кај жените. Луѓето кои се склони на ова можат да забележат и трупање на сало под пазувите. Таков вид акумулирање на маснотии е знак дека телото тешко ги вали јаглено хидратите.
Решение: Максимално намалете го внесот на јагле хидрати во исхраната, сменете го белиот леп со оној со житарки. Добар избор во исхраната се сите облици на житарки, кои можете да ги комбинирате со јогурт. Лесни и помалку интензивни вежби за грб со поголем интензитет немаат ефект, туку кратките со висок интензитет се подобри.
Маснотии на рацете
Собирњето маснотии над лактот и „обесени“ раце се гледаат и при мало нишање на рацете, а тоа значи дека рацете ви се проблематично место. Ако тешко го намалувате обемот на рацете, а тие се први на кои се забележува дебелината, тоа значи дека во телото ви се собираат отрови. Решение: Место пластични шишиња користете стаклени и од друг материјал. Супер решение за елиминирање на салото на рацете е Бикрам јога, која вклучува вежби во просторија со зголемена влажност на воздухот и температура. Тоа ќе го забрза потењето, а со самото тоа и елиминација на отровите. Вежбајте превртен склек, склек за трицепс ќе ја зајакне циркулацијата на рацете и ќе го намали обемот на масното ткиво.
Надувани образи
Ако имате округло лице, подбрадок и првите знаци на дебелеење се јавуваат на лицето, а причина е задржување на водата. Покрај лицето маснотии се собираат и на вратот, а причина е прекумерно конзумирање на алкохол. Тој ја дехидрира кожата и ја задржува водата во пределот на лицето.
Решение: Намалете го алкохолот и поттикнете ја циркулацијата со благи кружни движења по неколку пати на ден. Почнете од носот и масирајте се во правец накај ушите.
-Таквите масажи во моментот го подобруваат протокот на лимфи, која ја намалува надуеноста. Олеснете ја масажата со масло за масирање наменета баш за лицето, советува рефлексологот Паоло Лаи.
Дебели колкови
За овој тип дебелина најодговорна е генетиката а предност е што луѓето со овој вид градба на тело се помалку склони на срцеви заболувања.
Решение: Одберете вежби со чучнување и исчекор бидејќи ќе го зголемат тонусот на мускулите и колковите ќе ви изгледаат потесно. Сите видови аеробни вежби, кои го забрзуваат отчукувањето на срцето ќе помогнат во топењето на маснотиите, пренесува “Daily Mail”.
Рецепт за пијалок кој ги топи маснотиите на стомакот
Земете една до две врзопки магдонос и изблендирајте го. Исцедете сок од еден лимон и додадете го во магдоносот. На крај додајте пола чаша вода и добро измешајте. За оптимални резултати оваа мешпавина пијте ја на празен желудник пет дена, секое утро. Потоа направете пауза па по 10 дена повторете. Магдоносот го забрзува метаболизмот и е одличен диуретик, помага кај надуеност, и го поттикнува исфрлањето на токсините од телото.
Извор: informer.rs
Фото: diabetes.si/ informer.rs