Не си купи „ламборџини“ за три долари, но барем се возеше во него: Продолжение на приказната за петгодишникот зад волан на автопат – ММС
ММС

Објавено на: 05/7/20 10:53 AM

Не си купи „ламборџини“ за три долари, но барем се возеше во него: Продолжение на приказната за петгодишникот зад волан на автопат

Веднаш по приказната за петгодишното дете од Утах, САД, кое шокираните полицајци го сопреле на автопат како управува со автомобил и „оди да си купи ’ламборџини’ со трите долари што ги носи“, откако претходно мајка му одбила да му купи луксузен автомобил, таа доби и продолжение. Откако приказната за петгодишниот Адриан Замарипи се најде во многу медиуми во светот (вчера ја пренесе и ММС), многумина посакале да му ја исполнат желбата на детето – ако не да купи, барем да се вози во „ламборџини“.

Како што објавува „АБЦ 3340 њуз“, а пренесува „Јутарњи лист“,семејството на Адриан добило повеќе понуди на сопственици на „ламборџини“ детето да го повозат со италијанскиот суперавтомобил. Била прифатена една, на најблискиот сопственик на таков автомобил, Џереми Невес.

„И јас сум родител и почувствував потреба да се вклучам во оваа приказна во смисла на едукација и охрабрување на децата да продолжат да ги следат своите сништа за животот да им биде поубав, но на исправен начин, а не како охрабрување на лошите избори“, напишал Џереми на социјалните мрежи, откако во јавноста излегле коментари дека со неговата понуда го наградува лошото однесување на Адриан, кој управувајќи со автмомобилот на автопат загрозил животи.