Анкета: Мнозинството Албанци за обединување на Албанија и Косово – ММС
ММС

Објавено на: 05/7/20 8:54 AM

Анкета: Мнозинството Албанци за обединување на Албанија и Косово

Фондациите за отворено општество во Албанија и во Косово спроведоа заедничко истражување за вредностите, соработката и за ставовиве во врска со евентуално обединување на Албанците од Албанија и од Косово.

Истражувањето, спроведено кон крајот на минатата година, покажало дека 75 отсто од Албанците во Албанија и две трерини од Албанците на Косово се залагаат за обединување во заедничка држава, пренесува порталот „Косово онлајн“, како и други балкански медиуми.

Со истражувањето биле опфатени 1.200 граѓани на Албанија и 1.304 на Косово.