Здебелени се ама после изолација нема да држат диета, некои навики ќе им останат на Французите – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/20 10:25 PM

Здебелени се ама после изолација нема да држат диета, некои навики ќе им останат на Французите

Повеќето Французи од почетокот на изолацијата во март се здебелиле во просек 2.5 килограми, порад физичка неактивност и грицкање меѓу оброците, покажа денес истражувањето на Ifopa.

Според истражувањето 56 проценти од мажите и 58 проценти од жените се здебелиле. Мажите во просек добиле по 2.7 килограми а жените по 2.3 килограми.  Невработените и нискоквалификуваните личности добиле повеќе килограми, а паровит со деца многу повеќе отколку самците.

Дури 42 проценти од испитаниците навеле дека за време на изолацијата доаѓало до напнатост или жестоки караници со партнерот околу поделба на работите во подготовка на оброкот а  41 процент од паровите се карале околу видот на храната.  Главно жените го подготвувале јадењето, дури 71 процент од Французинките рекле дека ги подготвувале оброците, додека 21 процент од мажите кои живеат во парови учествувале во подготовка во храната сега отколку пред изолација.

Околу 42 проценти од испитаниците кажало дека поминале повеќе време во подготовка на храна а ист процент рече дека почесто пиеле аператив пред оброкот.  По излегување од изолацијата 56 проценти од испитаниците планира да се храни поздраво а само 18 проценти дека ќе почне со диета.

Истражувањето е спроведено од 24. до 27. Април на  3.045 луѓе постари од 18 години.

Текст: danas.rs

Фото: listt.ru