Бундеслигата продолжува на 15 мај, во Турција фудбалот се враќа на 12 јуни – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/20 9:30 PM

Бундеслигата продолжува на 15 мај, во Турција фудбалот се враќа на 12 јуни

Германската фудбалска лига (ДФЛ) вечерва објави дека натпреварите во германскиот шампионат ќе продолжи на 15 мај.Раководството на лигата го потврди ова за германските новински агенции.

Сезоната во Бундеслигата ќе продолжи со натпреварите од 26-то коло, а првиот натпревар ќе го играат Фортуна Дизелдорф и Падерборн.Сите натпревари ќе се играат без публика.

Канцеларката Ангела Меркел денеска, како дел од олеснување на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронарен вирус, меѓу другото, дозволи да продолжи фудбалската сезона.

Германската фудбалска асоцијација бара одобрување за продолжување на шампионатот, што е од витално значење за опстанокот на секторот, во кој се вработени 56 000 луѓе во Германија.

Бундеслигата ќе биде првата голема европска лига што ќе го продолжи натпреварот, која беше прекинат пред скоро два месеци, поради пандемијата на вирусот корона.

Натпреварите во турската фудбалска лига треба да продолжи на 12 јуни, со планови да се одржи финалето на Лигата на шампионите во Истанбул во август.

Сите натпревари  и во турскиот шампионат ќе се играат без публика.