Лерој Сане на чекор до Баерн Минхен – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/20 9:35 AM

Лерој Сане на чекор до Баерн Минхен

Младата ѕвезда на Манчестер Сити и германската репрезентација, Лерој Сане, поред германски „Билд“ е на чекор до потпишување петгодишен договор со Баерн Минхен, кој уште од минатата сезона покажуваше интерес за поранешниот играч на Шалке 04.

На првиот натпревар сезонава во Комјунити Шилд против Ливерпул, Сане доживеа тешка повреда и ја пропушти целата сезона. Можеби и повредата го спречи евентуалниот трансфер во Баерн уште во летото 2019.

Враќањето во родната земја и незадоволството од пречестите ротации на Пеп Гвардиола, на некој начин го присилија Сане да ја смени средината и да заигра за тренер и тим којшто целосно му верува.

Сепак, за да се реализира трансферот, прво ќе мора да се договорат двете страни, Баерн Минхен и Манчестер Сити околу износот што треба Германците да го платат на актуелниот англиски шампион. Се шпекулира за сума од 80 милиони евра.