Соживот: Имамот и православниот парох заедно го косат тревникот на џамијата во Гацко – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/20 9:26 AM

Соживот: Имамот и православниот парох заедно го косат тревникот на џамијата во Гацко

Главниот имам на Меџлисот на Исламската заедница Садет еф. Билалиќ и православниот парох во Гацко, Велимир Ковач, вчера заедно го коселе тревникот во џамијата во тој град во БиХ, пишува „Препород“.

„Соседите се луѓе, независно од која вера и нација се, а меѓу нив постојат трајни и доживотни врски“, вели Ковач.

Имамот, пак, истакнува дека овој значаен соседски и човечки гест на парохот и на двајца студенти на Правсолсваниот богословски факултет во Фоча, Марко Лоза и Владо Радовиќ, дава порака дека се бараат патишта за мир и обновување на повеќевековиот соживот на овие простори.