Риека деновиве доби уште еден милионер. Среќниот добитник на лото освои повеќе од три милиони куни или околу 425.000 евра, пишуват хрватските медиуми.
„Лото играм повеќе од 20 години. Една до две комбинациии со истите броеви и го чекам својот улов, за разлика од татко ми кој вели дека тоа било џабе фрлање пари. Едноставна е формулата за добивка – треба само да ве потрефи среќа. Па не ли е ова игра на среќа“, вели среќниот добитник кој сака да осатане анонимен, пишува риечки „Нови лист“.