Кина го излажа цел свет, криеше дека вирусот се појави во декември, пишува германскиот Билд, кој дојде до страшен извештај на американските разузнавачки служби – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/20 7:00 AM

Кина го излажа цел свет, криеше дека вирусот се појави во декември, пишува германскиот Билд, кој дојде до страшен извештај на американските разузнавачки служби

Кина наводно го лажела светот за епидемијата од корна вирусот за да добие на време да ги купи сите залихи на заштитни маски на меѓународниот пазар, пред тие да станат најбарани. Така тврди американскиот таен извештај кој го објави германскиот таблоид  “Билд”.  Станува збор за таен извештај од четири станици на американското Министерство за внатрешни работи, во кој се наведува дека Кина го излажа цел свет и ги прикриваше информациите за вирусот  за да најпрва од цел свет се опреми со заштитни маски.

Во содржината на извештајот се сугерира дека Кина ја прикривала епидемијата за да се снабди со санитетски производи, а Билд наведува дека Кина намерно ја намалувала опасноста од вирусот на почетокот на јануари. Во исто време значајно го зголемила увозот на медицинска опрема а драстично го намалила извозот.

Според истиот извештај, Пекинг  за да си обезбеди простор на маневар со купување на на тие видови производи, со задоцнување објави податоци за опасноста од корона.  Нарачувале големо количество заштитни маски, ракавици и хируршки скафандери, како и друг вид санитетски материјали кој е потребен за борба против зараза.

Исто така, никој во Светската здравствена организација (СЗО) не бил запознаен со случувањата во Кина за време на почетокот на пандемијата. Кина ги замолчила лекарите, ко на почетокот на јануари ја предупредувале јавноста на појава на нов тип на корона вирус, пишува Билд.

Една од последиците на кинеското однесување е и недостатокот на заштитната опрема на светскиот пазар што ја отежна борбата против вирусот во земјите како што се Италија и Шпанија, пишува Билд, а пренесува Индекс,хр.

Доналд Трамп и Америка тврдат дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан, па дури и дека е намерно пуштен низ светот. Информации за тоа се уште нема  во службените извештаи  иако американските разузнавачки служби  ветија дека ќе ги објават штом ја завршат истрагата.  Дури и Трамп деновиве изјави дека има многу цврсти докази , кои ја подржуваат теоријата, но дека не смее да ги изнесе во јавноста.

Кина одлучно ги отфрла овие приказни. Во извештајот А во извештајот на американското министерство за внатрешни работи се предупредува и на вуханската лабораторија, каде наводно се појавил вирусот уште во декември.