Гитара на Принс и рачно напишани текстови на „Битлси“ одат на аукција – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/20 3:26 PM

Гитара на Принс и рачно напишани текстови на „Битлси“ одат на аукција

Гитара што на почетокот на кариерата ја користел Принс, како и неколку светски познати текстови на „Битлси“, рачно напишани од Пол МекКартни, се меѓу предметите коишто се ставени на аукција на големата продажба на музички артефакти.

Аукциската куќа „Џулиен’с окшнс“ вчера објави дека аукцијата ќе се одржи на 19 и 20 јуни на Беверли Хилс во Лос Анџелес, Калифорнија. Еден од најпривлечните предмети за наддавање е сината „облак“ гитара специјално направена за Прис во 1984 година. Се предвидува дека тоа ќе достигне цена помеѓу 100.000 и 200.000 долари.

На продажба ќе се најде и неговото надалеку познато виолетово одело, приврзок и чифт чизми.

Страница со рачно напишани работни верзии за песната на „Битлси“ – „Maxwell’s Silver Hammer“, oд албумот „Аbbey Road“ од 1969 година, се очекува да достигне цена од 200.000 до 300.000 долари.

На наддавањето ќе има и лични предети на Мадона, Мајкл Џексон, Витни Хјустон, Џони Кеш, Џим Морисон, „Ролинг стоунс“, „Квин“ и Дејвид Боуви.