Горилите делат 98 отсто слична ДНК со човекот и можат да заболат од респираторна болест, или да ја добијат од луѓето со смртоносни последици, покажуваат најновите истражувања, кои предупредуваат на последиците од пандемијата од Ковид-19, кои можат да им наштетат на овие животни.
Научниците предупредуваат дека корона вирусот претставува „егзенстенцијална закана“ посебо за планинските горили.Појавата на нови високо-инфективни болести би можела да биде случај кој потенцијално би довел до изумирање, пишува Гардијан.