Компанијата „Ворнер“ на YouTube го објави документарниот филм за снимањето на кино-хитот „Џокер“.
Документарецот трае само 22 минути, но низ него може да се стекне подобра слика за „ремек-делото на кинематографија“ , како што го нарекоа многу филмски критичари.
Обожавателите можат да слушнат и да видат како е создаван филмот, а првенствено ќе се забележат деталите за подготовката и единствената глума на Хоакин Финикс, кој за оваа улога доби Оскар за главна машка улога.
Освен Финикс, за „Џокер“ говорат и режисерот Тод Филиппс, продуцентот Бредли Купер, актерката Зази Битс и други.
„Џокер“ беше и еден од најкоментираните филмови кои се презентираа на кино- платната, заради, во најмала рака, според филмската критика , уникатноста на креативност со која е создаден.
Во рецензиите на филмските критичари мислењата беа поделени и измешани иако повеќе позитивни од негативни. И покрај „Златниот лав“ и осумминутниот аплауз во Венеција, дел од либералните медиуми во САД го отфрлија овој филм. Најлоши критики имаше од медиуми како „Gardian“, „Huffington post“, „New Yorker“, „NPR“, „Washington post“, „The Atlantic“, „Wall Street Journal“
Филмот „Џокер“ досега заработи повеќе од милијарда долари.
извор:rts.rs
фото: www.hurlbutacademy.com