Семејно насилство во Штип- Пијан сопруг ја натепал сопругата – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/20 1:46 PM

Семејно насилство во Штип- Пијан сопруг ја натепал сопругата

Штипјанка пријавила во Полиција дека нејзиниот сопруг во алхохолизирана состојба физички ја нападнал.

„На 04.05.2020 во 21.00 часот во СВР Штип, 55-годишна жена пријавила дека околу 13.00 часот во семејната куќа во Штип, најпрвин вербално, а потоа и физички, во алкохолизирана состојба, ја нападнал нејзиниот сопруг К.Б.(60) од Штип“, соопштуваат од Полицијата.

К.Б. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.