Драган Вучиќ испратен во вечниот дом- сопругата не успеа да се збогува со Вуле – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/20 12:26 PM

Драган Вучиќ испратен во вечниот дом- сопругата не успеа да се збогува со Вуле

Денес на градските гробишта во Бутел беше погребан композиторот, пејач и водител, Драган Вучиќ, кој вчера почина како последица од корона вирусот. Како што налага протоколот, на погребот присуствуваа неговит син Мартин со сопругата и уште троица членови од семејството. Сопругата на Драган, Весна не присуствуваше на погребот.

 

Подалеку и на растојание имаше и околу 40тина блиски на семејството Вучиќ, меѓу кои беше Цветанка Ласкова, Бени од „Нон стоп“, но и многу негови колеги од телевизиите и пријатели. Ретко кој од нив можеше да се препознае, бидејќи, како што налага протоколот сите беа со маски и на растојание.

Посмртните останки на Драган беа пред капелата, каде се палеа свеќи и се запишуваа во книгата на жалост. „Почивај во мир легендо“, „Нека ти е лесен патот кон ангелите“, „Никогаш нема да те заборавиме, легендите не умираат“ се само дел од пораките кои беа запишани во книгата на жалост.

 

  Драган, Весна и Мартин

 

Мартин вчера за mms.mk во шок и низ солзи изјави:

„Нема да можеме да го испратиме како што доликува“..