Казахстан евакуираше 30.500 луѓе по колапсот на браната во Узбекистан – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/20 10:31 AM

Казахстан евакуираше 30.500 луѓе по колапсот на браната во Узбекистан

Казахстан евакуираше над 30.500 луѓе од својот јужен регион Туркестан откако се урна брана во Узбекистан, која поплави стотици куќи во двете држави, изјави денес официјален претставник, јавува агенцијта Анадолија.

Гувернерот на Туркестан, Умирзак Шукејев, изјави дека 631 куќа се поплавени откако биле отворени каналите за наводнување за да се намали протокот на вода во браната во Сардоба.

„Спасените се жители на 14 села од јужната покраина Туркестан, која граничи со Узбекистан“, додаде Шукејев.

Обилните врнежи од дожд и силните ветрови кои го зафатија подрачјето на 1 мај предизвикаа делумно рушење на браната во Сардоба, Узбекистан, поплавувајќи големи површини во двете држави.

Завршена во 2017 година, браната има капацитет од 922 милиони кубни метри, а се користи за наводнување на земјоделските површини во покраините Сирдарја и Џизак.