Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа го потресе далматинскиот град Задар загинаа две момчиња.
Според информациите на хрватските медиуми, несреќата се случила половина час пред полноќ, кога 20-годишен возач со својот автомобил марка „ауди“, поради големата брзина со која возел, влегол во свиок, удрил во столб на улично осветлување и со автомобилот влетал во морето.
Загинале возачот и неговиот 17-годишен сопатник, а во болница со тешки телесни повреди опасни по живот, завршило уште едно 17-годишно момче. И четвртиот патник, кој излетал од автомобилот, е в болница.