Доделени годинашните Пулицерoви награди – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/20 8:31 AM

Доделени годинашните Пулицерoви награди

Дневниот весник „Енкориџ дејли њуз“и истражувачкиот портал „ПроПублика“ ја добија Пулицеровата награда за новинарство во служба на јавноста за сторијата за тоа дека третина од селата на Алјаска немаат полициска заштита.

Фотографите на британската новинска агенција Ројтерс освоија награда во категоријата ударни вести за документирање на минатогодишните насилни протести во Хонг Конг, а наградата за репортажна фотографија и’ припадна на американската агенција „Асошиетед прес“ за репортажа на животот во Кашмир.

Новинарката на Лос Анџелес Тајмс, Моли О’Тул ја доби наградата за најдобра аудио-сторија за барателите на азил кои се незадоволни од политиката „Останете во Мексико“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Њујорк тајмс“ доби четири награди, меѓу кои и Наградата за истражувачко новинарство што му припадна на Брајан Розентал од Њујорк Тајмс, кој откри дека на илјадници таксисти во Њујорк животот им е уништен поради „предаторски позајмици“.