Како да ја ослободите меморијата од телефонот без да ги изгубите најважните податоци – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 6:32 PM

Како да ја ослободите меморијата од телефонот без да ги изгубите најважните податоци

Апликациите за размена на пораки како „Whatsapp” и „Viber” се повеќе се користат, особено во овој период кога работата се извршува од домот. Неретко освен пораки се испраќаат и фотографии и видео снимки  зафаќаат меморија на телефонот.Како да се ослободи меморијата на телефонот во време кога се поинтензивно се комуницира преку интернет.

  • Избришете ги апликациите кои не ви се потребни

Прегледајте го својот телефоно и пронајдете ги апликациите кои многу ретко или никогаш не ги користите.Најмногу простор на телефонот зафаќаат игрите, па ако не ги играте толку честом, не би било лошо да ги избришете нив како би ослободиле меморија.

  • Избришете ја кеш меморијата

Кеш меморијата во телефонот ги претставува податоците кои апликациите често ги користат.Апликациите од социјалните мрежи во кеш меморијата на телефонот најчесто ги чуваат податоците од тоа што неодамна сте го пребарувале. Ваквите податоци не се неопходни за работата на апликацијата, а често можат да зафаќаат и околу 300 мегабајти, така да може да ја избришете во делот за меморија на апликациите во подесувања.

  • Преместете важна содржина на друг уред или cloud

Ако вашиот телефон има акумулирано фотографии и видеа, добра идеја е  да ги пренесете содржините што ги сметате за важни на вашиот компјутер или надворешен хард диск, така што случајно да не ги избришете од меморијата на телефонот. Освен компјутерот, доколку имате можност, можете да ја пренесете и содржината на cloud.

  • Оптимизирајте го вашиот телефон

Поновите модели на паметни телефони во поставките имаат можност да го оптимизираат телефонот или да ги подобрат најважните карактеристики на телефонот. За време на оптимизацијата, се прави дијагностицирање на телефонот, така што апликациите што непотребно се вчитуваат во телефонот се затворени, а некои податоци што не се неопходни за работа на уредот се бришат.