„Нокаут“ ќе имаат свој настап вечерва од 20:30 минути, како дел од програмата „Култура во време на корона“, која ја спроведува Град Скопје. „Нокаут“ ќе настапат од паркот во „Капиштец“, на која локација предходно едночасовен концерт ќе одржи бендот Д Планктонс со почеток во 19 часот.
Денеска онлајн ќе има свој настап и диџејот РОБОТЕК.
Настапите ќе бидат стримувани на
Нивните настапи ќе бидат стримувани на:
– фејсбук страницата на Град Скопје
https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на
– Youtube каналот на Град Скопје
https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw
До денеска 100 уметници со своите изведби беа дел од програмата „Култура во време на корона“ на Град Скопје. На над 20 локации во осум скопски општини се одржаа изложби, видеоарт презентации, перформанси, концерти на солисти и групи, диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби.Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари.