Градоначалник во Сицилија им забранил секс, гушкање и бакнување на жителите до 31 октомври – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/20 7:00 AM

Градоначалник во Сицилија им забранил секс, гушкање и бакнување на жителите до 31 октомври

Градоначелникот на сицилијанскиот град Месинa, Катено Де Лука, познат по своите недипломатски и остри пораки,  со видео обраќање ги предупреди граѓаните да ги почитуваат ограничувањата и забраните воведени во време на епидемија на корона вирусот. Тој не им дозволи групно дружење, како и забранет им е  “ романтичниот  риболов”  што е локален израз за љубовните состаноци.

– Чувајте се,  ако ве откријам дека се  бакнувате, гушкате а секако ни “она другото” не е дозволено. Засега на љубовен план мора да се држиме до тотална апстиненција. Да се разбереме, тешко на тој кој ќе го прекрши правилото за апстиненција. Повторувам уште еднаш дека до 31 октомври на сила е тоталната апстиненција, рекол Де Лука.

Лидерот на Месинa конкретно им порачал на граѓаните дека мора да се воздржуваат од сексуални односи и дека дури дома во кревет да држат дистанца меѓу себе од најмалку еден метар.

Во минатото Де Лука  воведе дронови за да за да ги контролира граѓаните дали ја почитуваат забраната за излегување од дома.  Дроновите ги надлетуваа не само градските улици, туку и селата и шумските патлиња  а опремени се со звучници преку кои градоначалникот налутено им се обраќал на оние кои ќе ги откриел надвор  или таму каде не смееле да бидат.

Ова не е прва ваква реакција на Де Лука. Тој порано  нареди дека секој кој намерава да оди на Сицилија преку пристаништето во Месине, било пешки или патува со било кое превозно средство во екот на пандемијата на корона вирус, мора да се регистрира преку интернет, најмалку 48 часа пред поаѓање.

Оваа мерка останува на сила. Побргу ќе ме тргнете или смените од  должноста градоначалник отколку да ја поништам оваа мерка. Сакате да се отарасие од мене? Тогаш мора да ме отповикате од должноста.  Јас не се наведнувам пред овој злостор на државата, рекол градоначалникот.

Фото:secoloditalia.it