Вучиќ имаше многу тежок наод на белите дробови, изјави министерот Филипче и изрази сочуство до семејството – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 11:48 AM

Вучиќ имаше многу тежок наод на белите дробови, изјави министерот Филипче и изрази сочуство до семејството

Министерот за здравство Венко Филпче на својот Фејсбук профил информираше за смртта на пејачот и водител, Драган Вучиќ и изрази сочуство до сопругата Весна и синот Мартин.

-Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, напиша Филипче