Потврди Мартин Вучиќ: Почина татко ми од тоа зло! – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 9:12 AM

Потврди Мартин Вучиќ: Почина татко ми од тоа зло!

Ноќеска во болница почина познатиот пејач и водител Драган Вучиќ(65). Нему пред една недела  тестовите покажале дека е позитивен на корона вирусот, по што бил пренесен во болница.

-Вистина е, почина татко ми од тоа зло,  потврди низ солзи неговиот син Мартин Вучиќ за mms.mk.

Во кусиот разговор со него тој кажа дека пред десетина дена семејството дознало дека бил позитивен, но дека не било страшно.

-Вчера и се јавиле на мајка ми дека се е во ред, а утрово и се јавиле дека ноќеска починал. Не знам. Во шок сме, ни рече тој.

Како и што се случило засега се уште не се знае без официјална потврда од семејството. Сепак, се зборува дека и неговата сопруга е позитивна, но засега нема симптоми а дека на Драган, кој беше дијабетичар, ми бил покачен шеќерот и имал температура.

Мартин само рече: „Не можеме и да го испратиме како треба“.

 Минатата година прослави 37 години во брак со сопругата Весна и 40 години како се заедно

Блиски на семејството велат дека последниве денови бил во лоша здравствена состојба, по што бил хоспитализиран во болница, каде и му е дијагностицирана заразата со корона вирусот.  Бил ставен и на респираторна поддршка.

Последно што објави на својот Инстаграм профил е слика каде во двор шета желка и во својшеговит стил прокоментира: „Ај нека ми забрани некој да си го шетам миленичето. Работава е снајди се“.

На јавноста е познат како композитор, пејач и водител. Кариреата ја почна како член на групата „Тавче граче“ а потоа и „Кода“. Ја комонираше познатиот евергрин „Свирете ја зајди, зајди“, што своевремено Олгица Христовска ја испеа на „Макфест“, па „Ангели ме носат“, на истиот фестивал ја испејаа „Силви бенд“ и многу други. Ја напиша и Make my day“ со која син му Мартин ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на евровизија.

Потоа музичката кариера ја стави во втор план и се посвети на водителството. Познат е по многуе емисии и квизови, почнувајки од „Вашите пет минути“, па „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ екс Ју државите со познати пејачи и актери.