На последната седница на Советот на општината Калесија, Босна и Херцеговина, била усвоена одлука за општинските признанија. „Медалот со златен грб“ го доби градоначалникот Сеад Џафиќ. Ова му е вторпат на Џафиќ да го добива највисокото општинско признание.
Пред седницата, од редовите на СДА негодуваа зошто „градоначалникот сам на себе по вторпат си доделува признание“, иако истото признание, исто така двапати, претходно го доби и поранешниот градодначлник од редовите на СДА, Расим Омеровиќ, пишува сараевски „Аваз“.


