Индиското воено воздухопловство вчера од хеликоптери и од авиони речиси ги потрупа со букети цвеќе болниците во Њу Делхи и во други индиски градови.
Со тој гест, Вооружените сили на Индија сакале да им заблагодарат на лекарите, на медицинските сестри и на другиот медицинси персонал кои се на првата линија во битката со пандемијата.
Во таа земја со 1,3 милијарди жители, официјално бројот на заразените со Ковид-19 е околу 40.000 луѓе, а бројот на починатите повеќе од 1.300. Земјата 40 дена е во сеопшта блокада, пренесуваат агенциите.


