Короната тука не „игра“: Трошоците за вооружување во светот најголеми во последните три децении – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 8:22 AM

Короната тука не „игра“: Трошоците за вооружување во светот најголеми во последните три децении

Во светот во текот на 2019 година за вооружување се потрошени 1.917 милијарди долари, што е најмногу од 1988 наваму, објави Институтот за истражување на меѓународниот мир во Стокхолм.

Глобалните воени трошоци во 2019 биле за 3,6 отсто повисоки отколку во 2018, за 7,2 отсто повеќе отколку во 2010…

САД и понатаму се неприкосновени на тој план. Нивниот одбранбен буџет за 2019 изнесувал 732 милијарди долари. Втора е Кина со 261 милијарда, по неа Индија, а Русија е четврта со одбранбен буџет од 65 милијарди евра. По Русија се Саудиска Арабија, Франција, Германија, Велика Британија, Јапонија, Северна Кореја…