Заробени во џунгла крај плажа, како во рај- Корона во карантин стави гости на музички фестивал во Панама – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/20 12:00 PM

Заробени во џунгла крај плажа, како во рај- Корона во карантин стави гости на музички фестивал во Панама

„Tribal Gathering Festival“  е музички фестивал кој се одржува во градот  Колон, во Панамана. Плажата „ Chiquita“ е една од најубавите плажи во Централна Америка. Поради  страв од ширење на коронавирусот, локалната полиција едноставно ги ставила во карантин сите луѓе на фестивалот и не дала никој да замине.

На 15 март, два дена пред да заврши фестивалот, министерот за здравство на Панама, Росарио Тарнер прогласил вонредна состојба и  наредил на сите присутни на фестивалот да останат таму каде што се до 23 март.  Граничната полиција го опколила фестивалот, и ги заробила луѓето кои не успеале да заминат навреме.

Луу Каретеро Сиера, уметнички директор на фестивалот рече дека мештаните од Колон решиле да останат на местото на настанот и доброволно да помогнат во транспортот и логистиката.

“Панамската влада не дава никаква помош. Тие не оставија тука сами да се справиме со тоа. Сепак, ако мештаните не беа толку солидарни во ова лудо време, немаше да успееме „  рече таа.

Сиера додава дека им недостасува медицинска опрема затоа што Црвениот крст беше таму за време траењето на фестивалот, но потоа заминале. Таа има шпанско државјанство, на пример, но шпанската амбасада во Панама не одговорила веднаш на нејзините повици за помош. И одговориле од британската амбасада, но одбиле да и помогнат бидејќи не била Британка.
„Другите амбасади, како унгарската и швајцарската , веднаш презедоа чекори за да ги однесат своите луѓе дома од фестивалот “, рече таа.

Кога Vice ги контактирал, шпанската амбасада соопштила дека тие прават сé што можат за да ги вратат своите граѓани дома, но дека панамските власти одлучувале.

Кога им било дозволено да заминат, веќе биле забранети летовите во и надвор од Панама . Како одминувале деновите амбасадите успевале да им обезбедат транспорт на своите државјани да се вратат дома.Сепак на некои од посетителите заминувањето не им било овозможено. Дури 40 лица и понатаму се заглавени на лице место, во џунгла крај плажа која веќе за нив не е рај. Храната мора да си ја плаќаат тие што имаат пари, а тие што немаат мора да работат, волонтираат за да си купат храна. На 21-ви април забраната за летање во земјата беше продолжена до 22-ри мај, што значи дека останатите на  фестивалот ќе бидат заробени најмалку уште еден месец.

 

Извор: vice.com Преземено од: Медиа Плус