Денеска навршуваат 117 години од загинувањето на Гоце Делчев и 40 години од смртта на Тито – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 6:17 AM

Денеска навршуваат 117 години од загинувањето на Гоце Делчев и 40 години од смртта на Тито

На две значајни личности од нашата историја на денешен ден во 20. век им згаснаа животите.

Пред 117 години, на 4 мај 1903 година, кај Баница, Егејска Македонија, загина големиот македонски револуционер Гоце Делчев. На 4 мај 1980 година, пак, во Клиничкиот центар во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на СФРЈ и водач на партизанската војска во Народно-ослободителната и антифашистичка борба во Југославија во Втората светска војна.