Самуел Ето платил депозит од 1.5 милиони евра за да го извади од затвор својот некогашен соиграч и голем пријател Роналдињо. Камерунецот кој играше заедно со Роналдињо во Барселона од 2004 до 2008 година вети дека ќе стори се за да му помогне на Бразилецот да не биде зад решетки во Парагвај и го исполни ветувањето.
Роналдињо заглави во затвор во Асуснсион, откако заедно со братот влегоа во Парагвај со лажни пасоши. Најпрво целата ситуација личеше на шега, но стана сериозна, па големиот фудбалски ас заврши зад решетки. Бразилскиот и шпанскиот пасош му се конфискувани на Роналдињо во 2019 година поради сомнение за затајување на данок.
Се обиде да влезе во Парагвај со фалсификуван пасош и мина одредено време во затвор. Приказната и покрај тоа што е ослободен не е завршена и го чека судење, а можно е да добие и нова казна затвор.
Извор: sportmanija.mk