Легендарната група „Квин“, во која дел се Брајан Меј и Роџер Тејлор, како и новиот вокал Адам Ламберт, го преработија хитот “Ње Аре Тхе Цхампионс” во „Ѕоу Аре Тхе Цхампионс“. Причината за овој гест на култната група е што сакале да им ја посветат на здравствените работници ширум светот кои спасуваат животи во текот на пандемијата со Ковид-19.
Преку Инстаграм од своите домови во Лондон, Корнвал и Лос Анџелес се поврзаа за да ја создадат новата верзија. Песната ќе биде објавена под посебно име, а сите средства собрани од неа ќе бидат донирани во солидарниот фонд за борба против Ковид-19 на Светската здравствена организација.
Спотот е направен од снимки од пусти улици низ светските метрополи, снимки од лекари кои се борат за живот на заразените, пораки до лекарите и луѓе во самоизолација.
Погледнете го видеото: