Се појави Ким Џонг Ун и запука: Престрелка меѓу Северна и Јужна Кореја – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/20 3:55 PM

Се појави Ким Џонг Ун и запука: Престрелка меѓу Северна и Јужна Кореја

Јужна Кореја ги оптужи граничарите на северниот сосед дека пукале недалеку од граничната линија, само ден откако по 20дневна пауза се појави во јавноста  севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Јужнокорејските граничари  веднаш возвратиле со две стрелби во правец на припадниците на војската на Северна Кореја, но во пукањето нема повредени, соопштила командата на јужнокорејските вооружени сили.

Инцидентот се случил само 24 часа откако се појави Ким Џонг Ун, по брановите шпекулации за неговото здравје вклучувајќи ја веста дека починал за време на операција на срцето.

Јужна Кореја ден потоа, откако е објавена снимка на Ким Џонг Ун соопшти дека  севернокорејскиот  лидер не воопшто не бил опериран.