Внимавајте, е- плаќањето ја зголеми злоупотребата на платежните картички и лични податоци – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/20 8:17 AM

Внимавајте, е- плаќањето ја зголеми злоупотребата на платежните картички и лични податоци

Пандемијата го промени начинот на функционирање, односно повеќето луѓе работат од дома, користат разни платформи, работат онлајн, одржуваат видео – состаноци, значително се зголеми е-трговијата и е-плаќањето,  со што се зголемија ризиците за безбедноста и заштитата на личните податоци на корисниците, податоците од нивните платежни картички и банкарски сметки.

-Ваквите состојби резултираа со злоупотреба на податоци од платежни картички на наши државјани, за што се пристигнати две пријави, чии податоци им се злоупотребени на онлајн трансакции на македонски и странски интернет страни. Потоа регистриран е нов модус на извршување каде во компјутерски систем се пријавуваат лица, а овој систем ги собира и чува личните податоци за лицата заедно со нивната лична електронска пошта и ИП адреса на корисник кој го извршил пријавувањето на лицата. Добиени се и две пријави од правни лица за креирање на лажни страни, кои се идентични на нивните оригинални страни, каде се нудат лажни наградни игри, со цел да се прибават лични податоци од лицата, броеви од платежни картички, кои понатаму ќе бидат злоупотребени, со цел злоупотреба на личните податоци и податоците од платежни картички, банкарски сметки на граѓаните, кој модус е активен и овој период, информираат за МИА од МВР.

Полицијата забележала криење на ИП адресите на корисниците на интернет користејќи VPN/Proxy  сервиси заедно со невалидни или измислени електронски пошти. На измислените и лажни електронски пошти системот не е во можност да испраќа линк за верификација и системот не го прифаќа и ги одбива овие податоци за доставени и пријавени лица. Ова значи дека лицата лажно се обидуваат да се пријавуваат во системот внесувајќи лажни податоци со што го оптоваруваат системот за обработка на истите.

Фото: vecer.mk